Нетанјаху ги разреши министрите за правда и образование
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги разреши министрите за правда и образование Ајелет Шакед и Нафтали Бенет, јавија светските агенции повикувајќи се на функционери од Кабинетот на Нетанјаху.
Потезот на Нетанјаху доаѓа само неколку дена откако израелскиот Парламент изгласа одржување нови избори.
Шакед и Бенет не откриваат дали ќе се кандидираат на септемвриските избори.
Нивната партија „Нова десница“ не успеа да влезе во Парламентот после изборите во април, но тие останаа на чело на министерствата за правда и образование, додека не се формира нова влада.
Израелскиот Парламент на 30 мај изгласа свое распуштање откако Нетанјаху не успеа да формира владејачка коалиција во предвидениот рок.