Нетанјаху ги пофали „одличните односи“ со Берлин за време на посетата на Вадефул

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат откако ја презеде функцијата.
За време на средбата со претставници на двете земји во Ерусалим, Нетанјаху изјави дека Израел и Германија имаат „одлични односи“ и дека сакаат да продолжат да ги развиваат.
– Имаме многу заеднички интереси, многу заеднички вредности и многу заеднички предизвици, изјави Нетанјаху.
Вадефул му се заблагодари на Нетанјаху за приемот, а двајцата се ракуваа со пријателски насмевки пред медиумите, пренесува ДПА.
Се очекува односот на Вадефул со Нетанјаху да биде помалку напнат отколку оној на неговата претходничка Аналена Бербок, која имаше несогласувања со Израел околу блокадата на помошта за Газа.