„Непостоечкиот автомобил“ скокна на третото место на омилените брендови


Повеќе од една четвртина од анкетираните 200.000 сопственици на нови автомобили, 26 отсто, рекле дека им се допаѓа марката „Епл“ – и можеби ќе купат автомобил со ознаката на „Епл“.

Така, непостоечкиот автомобил скокна на третото место на омилените брендови, зад класичните производители „Тојота“ и „Хонда“, но пред „Тесла“.

Премиум брендот на Toyota Lexus и BMW исто така се најдоа зад „Епл“. Интересно е тоа што дури половина од сопствениците на „Тесла“ изјавиле дека би размислиле да тргуваат со своите возила за автомобил на „Епл“.

Засега ништо не се знае за него, освен дека е во развојна фаза и дека веќе станал предмет на обожување, пренесува магазинот ХАК.