Нема интернет, Русите нагрнаа на купување воки-токи, пејџери и харитени мапи на Москва


 

Русите сè повеќе бараат начини да ја напуштат земјата, бидејќи широко распространетите исклучувања на мобилниот интернет и економските тензии го нарушуваат секојдневниот живот, според податоците на Гугл трендс, кои ги истакнува медиумот „Верстка“.

Интересот за пребарувања како „напуштете ја Русија“ падна по мобилизацијата во септември 2022 година, но повторно се зголеми од крајот на 2025 година.

Во јануари 2026 година, интересот за пребарување скокна на 75 поени, при што во март просекот беше 88 – приближувајќи се до претходните врвови.

Жителите на Москва беа принудени да се потпираат на воки-токи, пејџери и хартиени мапи за комуникација по повеќе од две недели речиси целосни прекини во руската престолнина.

Прекините во Wi-Fi и мобилните услуги влијаеја на централна Москва, како и на северните и јужните области, оставајќи ги жителите да се борат да останат во контакт, а бизнисите пријавуваат големи финансиски загуби.

Откако започнаа прекините, продажбата на пејџери скокна за 73 проценти.

Купувањето на воки-токи и фиксни телефони се зголеми за повеќе од една четвртина, додека продажбата на хартиени градски мапи и печатени водичи за Москва се зголеми речиси за трипати. Дневните деловни загуби во Москва од прекините се проценуваат на 12,5 милиони долари.

Властите велат дека ограничувањата се наменети за справување со украинските напади со беспилотни летала на долг дострел кои користат мобилни и ГПС мрежи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека прекините ќе продолжат сè додека е „потребно за да се обезбеди безбедноста на нашите граѓани“ и ја обвини Украина дека користи „сè пософистицирани методи на напад“.

Сепак, критичарите и експертите од индустријата сугерираат дека прекините може да ги одразуваат и подготовките на владата за ограничување на пристапот на Русите до глобалниот интернет. Според новиот закон потпишан од претседателот Владимир Путин, безбедносните служби сега можат да ги принудат интернет-провајдерите да ги суспендираат мобилните услуги по нивна дискреција.

Пратениците на Државната дума се пожалија дека прекините ги оставиле отсечени од интернетот во парламентот, додека Песков рече дека дури и претседателската администрација е принудена да се префрли на фиксни телефони.

Прекините на интернетот се почести низ цела Русија од почетокот на целосната инвазија на Москва врз Украина во 2022 година.