Некој затрул шест студенти и доценти на германски универзитет
Полицијата во Дармштад, Германија денеска покрена истрага поради тоа што шест студенти и доценти на Техниќкиот универзитет биле затруени.
Имено, ним им се слошило откако пиеле вода и млеко од чајната кујна на еден од додделите.
„Истрагата е во полн ек и правиме сѐ што можеме да ги фатиме сторителите“, вели портпаролот на полицијата.
Во понеделникто шестмина биле донесени во болница со знаци на труење. Сите пиеле напитоци кои се наоѓале во заедничката кујна во еден оддел.
Еден 30-годишник е во тешка состојба.
Некој ги премачкал пакувањата од млеко и вода со отров
Засега не се знае со што се затруени, но полицијата соопшти дека некој во текот на викендот со опасна материја ги премачкал пакувањата со млеко и со вода кои се наоѓале во заедничката кујна.
Деканот на угледниот Технички универзитет, Тања Бруел е забезекната од случувањата на нејзиниот универзитет.
„Ние сме длабоко потресени поради злосторството кое се случило на нашиот универзитет“, вели Бруел.