Нејзиното лице беше уништено од операции, сега се појави и ги покори помладите манекенки


Познатата Линда Евангелиста шест години не го напуштила својот стан и не се појавила во јавноста по неуспешните естетки корекции, по што целосно ја упропасти својата убавина.

Линда останала „деформирана“ по процедурата за замрзнување маснотии, за која зборувала во некои интервјуа, но тогаш не била свесна за ризиците кои ги носи постапката на која била подложена.

Сепак, после се успеала да си го врати стариот сјај, го изгубила вишокот килограми, а на лицето повеќе не и се гледаат никакви последици. Повторно прошета по модната писта и сите здивнаа.

Линда прошета на ревијата на Сен Лоран пролет/лето 2025 на модната недела во Париз.

По тој повод, познатата манекенка прошета по сојузот на неспоивите. Имено, таа искомбинирала црно здолниште и спортски дуксер над кој имаше подолг кожен капут. За дополнително да ја „комплицира“ целата комбинација, Линда комплетираше се со тенки најлонски чорапи со дезен и елегантни салонки со ремен.

Нејзината препознатлива насмевка и природна убавина уште еднаш покажаа зошто Линда е една од најпознатите манекенки, а таа повторно стана ѕвезда иако можеби не сакаше.