Неизлечива кучешка болест забележана и кај три лица, може да предизвика сериозни компликации
Се зголемува бројот на случаи на ретка болест на кучиња, а сега се регистрирани три човечки инфекции. Експертите предупредуваат дека ризикот од заразување со оваа болест е низок, но луѓето заразени со бактеријата може да развијат компликации како што се менингитис, септикемија и артритис.
Три лица во Велика Британија се заразиле со Brucella canis, бактериска инфекција, наречена и кучешка дистемпера, која предизвикува болка, куцање и неплодност кај кучињата.
Неизлечивата болест се шири во контакт со телесни течности на заразено куче, а иако не предизвикува поголеми проблеми кај луѓето, може да доведе до компликации.
Нема регистрирани смртни случаи кај луѓето, а симптомите вклучуваат треска, главоболка, губење на тежината, а во потешки случаи менингитис, септикемија и артритис. Може да поминат години пред да се појават симптомите.
Болеста не е опасна по живот за кучето, но единствениот начин да се контролира преносот е евтаназија. Знаци на болеста кај кучињата се летаргија, предвремено стареење, болки во грбот, но кај некои кучиња може да биде асимптоматски.
Се верува дека бактеријата може да се шири меѓу луѓето преку трансфузија на крв. Првиот случај на лице заболено од оваа болест во Обединетото Кралство беше минатата година.
Венди Хејс потоа била принудена да ги еутанизира своите пет кучиња откако се заразила преку породилната течност на нејзиното куче спасител.
Во последните три години, бројот на пријави за бактериска инфекција кај кучињата се зголемува во Обединетото Кралство. Најголем дел од заразените кучиња се увезени од источна Европа, а се препорачува тестирање на сите увезени кучиња од земјите каде што е потврдена бактеријата.
„Ризикот за пошироката јавност во ОК е многу низок, а ризикот за луѓето кои биле во близок контакт со заразено куче е низок.
„Од малиот број случаи на инфекција кои се пријавени кај луѓето ширум светот, инфекцијата е обично блага, но луѓето кои имаат ослабен имунолошки систем, се бремени или имаат мали деца може да имаат поголема веројатност да доживеат посериозна инфекција “, објасни шефот на Одделот за појавни инфекции и зоонози во УКХСА Венди Шеперд.
Бројот на заболени во 2020 година бил само девет, а годинава се евидентирани 91 кај кучиња, пишува Индипендент.
Главниот ветеринар во Одделот за животна средина, храна и рурални прашања (Дефра) Кристин Мидлмисс рече дека имало и случаи каде болеста се проширила на друго куче во земјата, што значи дека не сите заразени кучиња биле исклучиво увезени.
„Тоа беше случај во одгледувачниците. Не е голема бројка, мала е, но ова е ново за нас“, објасни таа, пренесува Мирор.