Не трошете залудно пари за суплементи: Експертите велат дека овие два витамини помагаат за зајакнување на имунитетот
Пред да почнете да се „клукате“ со суплементи, прочитајте што велат експертите за тоа!
Поради пандемијата со корона вирусот, земаме додатоци за зајакнување на имунитетот повеќе од кога било досега. За жал, многу од овие додатоци се – трошење залудно пари, според епидемиологот д-р Кристина Вудс.
Пред да купите додаток, дознајте за кои додатоци експертите велат дека немаат некакво влијание на имунитетот …
Цинк
Цинкот е многу важен за функционирањето на имунолошкиот систем, поради што е дел од повеќето производи кои се декларирани како производи за зајакнување на имунитетот. Сепак, експертите велат дека целиот цинк што ни е потребен го добиваме од храната, а истакнуваат дека нема многу научни докази дека суплементите на цинк значително влијаат на имунитетот. Некои студии покажаа дека овие додатоци може да го скратат времетраењето на настинката за еден ден, додека други не забележале никаков ефект.
Ехинацеа
Многу луѓе се свртуваат кон екстракти од ова растение за да го зајакнат имунолошкиот систем, но се чини дека тоа нема многу ефект.„Анализите на истражувањето утврдиле дека доказите дека ехинацеата може да помогне во лекувањето на настинки кај возрасните се многу ограничени. Покрај тоа, ехинацеата не може да го намали бројот на настинки што ќе ги има возрасен“, велат експертите од американскиот Национален центар за интегративна медицина.
Пробиотици
Цревната флора е многу важна бидејќи добрите бактерии кои се наоѓаат во цревата се многу важен дел од имунолошкиот систем. Затоа многу луѓе земаат пробиотици сами на своја рака, надевајќи се дека тоа ќе им помогне да го зајакнат имунитетот. Повторно, американскиот Национален центар за интегративна медицина се повикува на студија од 2015 година, која „покажа дека пробиотиците можат да помогнат во спречување на инфекции на горниот респираторен тракт, како што се настинки, но доказите се слаби и студијата има многу „слаби точки“. ” На крајот, вреди да се спомене дека водечкиот американски епидемиолог, д-р Ентони Фаучи, изјави дека горе-долу сите суплементи за зајакнување на имунитетот „не прават ништо“. Исклучок, вели тој, се витамините Ц и Д, за кои постојат „силни научни докази“ кои помагаат. Сега веројатно се прашувате како тогаш човекот може да го подобри имунолошкиот систем, ако речиси ниту еден од додатоците не помага? „Ако не пушите, пиете само умерено, спиете доволно, се храните здраво, вежбате, правите нешто за да го намалите нивото на стрес, го зајакнувате имунолошкиот систем, а не со овие додатоци и слични работи“, вели д-р Фаучи.