Не се знае која е поубава: Ова се најнепосетените земји во светот (видео)


Кога се зборува за туризмот, најчесто се споменуваат листи на најпосетувани земји во светот. Но, ги има и оние другите, оние кои туристите или не ги посетуваат доволно или воопшто не ги посетуваат, како што е случајот со Екваторијална Гвинеја. Оваа земја во просек ја посетуваат нешто повеќе од 150 туристи годишно.

Ако се следат статистичките податоци, околу 30% од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји, а тоа се најпосетуваните земји во светот. Најмногу се случува во земји кои со децении се наоѓаат на мапите на туристите, а некои од нив сме ги посетиле барем еднаш во животот. Сепак, останува прашањето кои се најмалку посетените дестинации во светот.

Третина од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји. Тоа се Франција со 90 милиони туристички посети, Шпанија со 83,7 милиони, САД со 79,3 милиони, Кина со 65,7 милиони и Италија со 64,5 милиони посети.

Покрај нив, има и земји кои се малку или не посетени од туристи. На прво место е Екваторијална Гвинеја, која годишно ја посетуваат само околу 150 туристи. На второ место е Науру, островска земја во Микронезија која годишно ја посетуваат околу 200 туристи. Сомалија е на трето место со 400 туристички посети годишно.

Оваа листа е предмет на промена секоја година и никогаш не е конечна. На пример, земјата Мали ја посетиле само 102 туристи во 2016 година, кога била најнепосетувана земја во светот. Тоа зависи и од глобалните околности во светот, војните, економските и други околности кои влијаат на тоа дали туристите ќе одлучат да посетат одредена земја.

Листата со најнепосетени земји во светот изгледа вака, првите три места се наведени погоре:

4. Тувалу – 1.400 туристи

5. Маршалските Острови – 4.600 туристи

6. Молдавија – 11.000 туристи

7. Северна Кореја – 15.000 туристи

8. Соломонски Острови – 20.000 туристи

9. Мавританија, Авганистан и Гвинеја-Бисао – 30.000 туристи

10. Гвинеја дели со Сао Томе и Принципе – 33.000 туристи

11. Федерални држави на Микронезија – 35.000 туристи

12. Федерални држави на Микронезија – 35.000 туристи

13. Комори – 37.000 туристи

14. Сиера Леоне – 44.000 туристи

15. Либерија – 45.500 туристи

16. Кралство Тонга – 50.000 туристи

17. Лихтенштајн – 54.000 туристи

18. Источен Тимор – 60.000 туристи

19. Џибути – 71.000 туристи