Не се воздржувајте од кивање – можен ужас


Секое воздржување од кивање може да предизвика сериозни повреди на грлото, покажуваат медицинските наоди од болницата Нинсвил во шкотскиот град Данди, објавени во научното списание BMJ, пишува Гардијан.

Лекарите ги советуваат луѓето да не се воздржуваат од кивање затоа што 30-годишен маж, обидувајќи се да се воздржи од кивање, си ја пробил душникот – цилиндричен орган на ‘рскавицата кој овозможува транспорт на вдишениот воздух од гркланот до бронхиите.

Нагласено е дека ваквите оштетувања, предизвикани од спречување на кивање, можат да бидат опасни по живот бидејќи може да доведат до задушување, а во ретки случаи до пукање на мозочните капилари и крварење.

Се наведува дека ваквите повреди не се вообичаени, но дека може да настанат, особено кога кивавицата се држи во неколку последователни прилики.

Лекарите од болницата Нинсвил советуваат слободно и без воздржување да кивате бидејќи тоа е природен начин на телото да ги исфрли надразнувачите од носните пасуси.