Науката потврди: Љубезноста кон другите е клучот за својот внатрешен мир


Од свесноста за себе и другите и квалитетна исхрана до рутини на спиење и редовно вежбање, бројни се „алатките“ за грижа за внатрешната благосостојба. Истражување спроведено во Велика Британија потврди дека подарувањето, давањето и покажувањето љубезност – со еден збор, позитивните мисли кон другите може да бидат евтин начин за подобрување на својата сопствена благосостојба и психичкото здравје.

Трудот е заснован на искуствата на луѓето вклучени во „Љубезност на дело“ (Kindness By Post) – проект за јавно здравје спроведен во Обединетото Кралство во којшто тие се пријавиле за давање и примање картички со убави желби на, и од туѓинци. Социјалниот експеримент покажа дека чинот на љубезност не само што може да ја подобри целокупната благосостојба, но и придонесува за намалување на осаменоста и подигање на расположението. Учесниците во проектот, исто така, доживеале поголема смисла на припадност и поврзаност, како и зголемено чувство дека се ценети – што е особено важно за човековата благосостојба и севкупна среќа.

Испитувањата откриваат и дека личната исполнетост што луѓето ја добиваат, давајќи им нешто на другите, најчесто е основниот мотив на учесниците да се вклучат, наместо можноста да добијат честитка или писмо од некој друг.

Сѐ ова посочува дека едноставното давање нешто свое, нешто од себе – без разлика дали е картичка или некој друг случаен чин на љубезност, може да им помогне на луѓето кои се борат со чувството на осаменост или лошо расположение, како и да бидат поповрзани со другите околу нив.