НАСА: В година праќаме мисија на Марс?!


Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација (НАСА) размислува за мисија на Марс веќе в година. Тоа би било голема промена во приоритетите и може и да го забрза временскиот распоред за пат до Црвената планета и да го зајакне успехот на Илон Маск. Тоа, исто така, ги навестува намерите на Доналд Трамп да му даде приоритет на испраќањето луѓе на Марс.

Ненадејната промена следи по објавувањето на предлог-буџетот на Белата куќа за 2026 година, со којшто ќе се зголеми финансирањето на проектите поврзани со Марс за милијарда долари. Вработените во НАСА, кои вообичаено би знаеле за такви планови – не биле информирани за тоа пред состанокот во Белата куќа, пишува „Политико“.

– Ја проценуваме секоја можност, вклучително и прозорците за лансирање во 2026 и 2028 година, за тестирање технологии што ќе ги испратат луѓето на Марс, рече портпаролката на НАСА, Бетани Стивенс.

Следната 2026 и 2028 година се најблиските временски рамки кога Земјата и Марс се најблиску.

Белата куќа првпат ја навести можноста минатиот месец, во соопштение по средбата меѓу италијанската премиерка Џорџа Мелони и Трамп. Во него се наведува дека САД и Италија ќе соработуваат на мисија на Марс веќе следната година.

Мисиите би можеле да бидат од особена полза за „Спејс-Икс“ (SpaceX) на Маск, којашто најверојатно би бил главниот кандидат за испорака на ракетата. И други компании имаат ракети што би можеле да стигнат до Марс, но само „Спејс-Икс“ објави планови за слетување на планетата во 2026 година.

Трамп и во својот инаугуративен говор го навести првиот Американец – патник на Марс. И Џеред Ајзакман – кандидат за администратор на НАСА, рече дека „ќе ѝ даде приоритет“ на таква мисија.

И Маск, сега советник на Трамп, долго време се залагаше да му се даде предност на Марс пред слетувањето на Месечината.

Конгресот може да му пркоси на Трамп и да одбие да го одобри финансирањето од буџетот, особено ако пратениците се загрижени дека тие напори ќе ги одложат плановите за Месечината. Предлог-буџетот на Белата куќа значи откажување на програмата за идната месечева вселенска станица „Гејтвеј“, којашто многу сенатори ја поддржуваат.

Ајзакман смета дека НАСА би можела да ги турка плановите за Месечината и Марс истовремено. Но, и сенаторот Тед Круз – републиканец од Тексас, и Марија Кантвел, демократ од Вашингтон, претседавачка и член на сенатската комисија што ја надгледува НАСА, според тамошните медиуми – „настојувале“ и го навеле Ајзакман на тоа тврдење во испрашувањето.

Ракетата „Старшип“ (Starship) на „Спејс-Икс“ не е единствениот кандидат за ова патување. „Њу Глен“ на „Блу ориџин“ (Blue Origin), којашто првпат беше лансирана во јануари, би можела да носи мала носивост до Марс. Компанијата веќе има договор да испрати два мали сателити на Марс оваа година или следната, заради проучување планетата. Производителот на ракети „УЛА“ (ULA), исто така, навести план за ракети за мисии на Марс.