Народната банка на Србија ја зголеми референтната камата на три отсто


Народната банка на Србија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 3 отсто. Истовремено, стапката на кредитните олеснувања е 4 отсто, а на депозитните 2 отсто, со што целиот коридор на каматните стапки е зголемен за 25 базични поени.

Со ваквата одлука, Извршниот одбор обезбедува континуитет на умерено заострување на монетарните услови, а со тоа соодветно реагира на зголемените инфлациски притисоци, без да се загрози натамошниот раст на економската активност, пишува Телеграф Бизнис.

Последното зголемување на референтната каматна стапка беше на 7 јули, кога НБС ја подигна референтната каматна стапка за 25 базични поени на ниво од 2,75 отсто и тоа беше нешто поблаг пораст во однос на претходните, кога основната каматна стапка зголемени за по 50 базични поени.

За првпат по 11 години одлучи да ги зголеми каматните стапки и Европската централна банка, која на 21 јули ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени и планира нови зголемувања годинава. Зголемувањето на каматните стапки е вообичаен облик на борба против инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 8,6 отсто.

До сега НБС трипати ја зголеми каматната стапка, во април, мај и јуни, за по 0,50 отсто, додека Извршниот одбор одлучи за зголемување од 0,25 отсто во јули. Бидејќи каматните стапки на кредитите во динари прилагодуваат на неа, зголемувањето на оваа каматна стапка влијаеше на растот на цената на кредитите во локална валута, како и на дозволените минуси и на кредитните картички. За прв пат по неколку години, НБС на 7 април ја зголеми каматната стапка од 1 на 1,5 отсто, пишува Телеграф Бизнис.