Намален бројот на работници во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 отсто. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 отсто, Капитални производи за  7,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 1,0 отсто.