Налепници “NMK” се продаваат на интернет


Налепниците „NMK“ од вчера можат да се најдат и на итнернет во форма на стикери или по локални маркети. Продавачите на социјалните мрежи не ја објавуваат цената, но посочуваат дека стикерите можат да послужат за да бидат поставени на регистарските таблици, а возачите да ја избегнат гужвата и процедурата во станиците за технички преглед.Засега нема став од МВР дали овие лепенки е задолжително да се земат од станиците за технички прегледи или граѓаните можат да си ги купат и на други места.

Налепниците кои се продаваат на интернет се идентични како оние кои се даваат во техничките станици. Досега беше овозможено истите да се добијат бесплатно доколку се земаат од станиците за технички прегледи, со пополнето барање.