Највисоката пензија за прв пат на приближно 1.000 евра


 
Највисоката пензија во земјава со јануарското усогласување на пензиите од 2,9

проценти се искачи на речиси 1.000 евра. Фондот за пензиско и инвалидско
осигурување во статистиката за јануари пресмета дека максималната пензија во земјава изнесува 59.674  денари. Со зголемувањето на пензиите во првиот месец
годинава најголемата пензија порасна за 1.700 денари ,пишува порталот Пари.цом.мк.
 Бројките на ПИОМ покажуваат дека 69 пензионери ја земаат најголемата
пензија во земјава.

Како максимална пензија се сметаат пензиите што се исплаќаат во распон од 41,724 денари до 59,674 денари. Вкупно 1,339 пензионери со своите примања се квалификуваат во оваа квота. Од нив, најмногу или 876 пензионери земаат пензија од 43,465 денари. Над 54,000 денари пензија, пак, земаат 338 пензионери.

Зголемувањето на пензиите во јануари се одрази и на просекот на исплатените пензии.
Во однос на минатата година во декември кога просечната пензија изнесуваше 15,876
денари, со усогласувањето просечната пензија во јануари 2022 година изнесувала
16,297 денари ( за 421 денар повеќе).

ПРОСЕК НА ИСПЛАТЕНА ПЕНЗИЈА ЗА ЈАНУАРИ ПО ВИД НА ПЕНЗИЈА

Секој трети зема пензија над 18.000 денари

Податоците на ПИОМ кај корисниците по група на исплата покажуваат дека од четири
групи најголем дел или 101.392 пензионери (31.02%) земаат пензија над 18.000 денари.
Сепак не е за занемарување ниту првата најниска група на пензии која е и втора по
големина. Во оваа група која опфаќа 27,28% од пензионерите или во апсолутна бројка
89.174 пензионери земаат пензија до 11.500 денари.

СОСТОЈБА НА КОРИСНИЦИ ПО ГРУПИ НА ИСПЛАТА

Најниски пензии

Кај најниските пензии остварени според три права, првото до 1996 година, второто од
1997 година и третото по 2002 година статистиката на ПИОМ покажала:
до 1996- 10.652 пензионери земаат пензија од 12.576 до 13.172 денари
од 1997 -4.423 пензионери имаат пензија од 10.276 до 11.469 денари
по 2002 – 65.777 пензионери, што е речиси секој петти пензионер во државава зема
пензија помеѓу 10.791 и 12.042 денари

Инаку, во јануари ПИОМ изброја 326.841 пензионер. Нови корисници на пензија има 1.400.Истовремено, бројот на починати пензионери е поголем и во јануари изнесува 1.739.