„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска
Загреб – На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ – од сите регистрирани во 2024 година.
Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.
Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго.