Најстарата личност во Европа ја преживеа короната и ќе прослави 117 години


Сестра Андреа в четврток ќе го прослави својот 117. роденден (Фото: АФП)

Француската калуѓерка Андреа бил позитивна на Ковид-19, но за среќа немала симптоми

 

Француска калуѓерка која е најстара личност во Европа се опорави од Ковид-19 откако го фати во дом за стари лица на југот на Франција и оваа недела ќе го прослави својот 117. роденден.

Сестра Андреа, родена Лусил Рандон во 1904 година, минатиот месец беше позитивна на корона вирус во домот „Санте-Кетрин Лабуре“ во близина на Тулон, каде 81 од 88 жители се заразија со вирусот – од кои 10 починаа.

Калуѓерката, која в четврток ќе го прослави својот 117 роденден, немала симптоми на Ковид-19, но останала ограничена на нејзината соба, не можејќи да се меша со другите жители или да присуствува на миса. Вработените во старечки дом им соопштија на новинарите дека нејзината единствена жалба била „самотијата“.

Таа за весникот „Вар-Матен“ изјави: „Не ни сфатив дека го имам“.

Давид Тавела, портпарол на старскиот дом, за весникот изјави дека калуѓерката не покажала страв од вирусот.

„Таа не ме праша за нејзиното здравје, туку за нејзината рутина. Таа сакаше да знае на пример дали времето на оброкот и спиењето ќе се промени. Таа не покажа страв од болеста, всушност беше позагрижена за другите жители“, рече Тавела.

На прашањето дали се плаши што има Ковид-19, калуѓерката за француската телевизија БФМ изјави: „Не, не бев исплашена затоа што не бев исплашена да умрам… Среќна сум што сум со тебе, но би сакала да бидам на друго место – да им се придружам на мојот голем брат и мојот дедо и баба ми “.

Тавела рече дека Андре со нетрпение очекува да го прослави својот роденден во четврток – со помала група жители од вообичаеното поради ризик од инфекција со корона вирус.

Андреа, која е слепа и во инвалидска количка, работеше како гувернантка и воспитувачка пред да влезе во манастир во 1944 година, на 40-годишна возраст. Таа е во домови за стари лица од 1979 година и во домот во Тулон од 2009 година.

Калуѓерката, која е родена на 11 февруари 1904 година, е втора најстара жива личност во светот, според светската ранг листа на Геронтолошката истражувачка група (ГРГ). Најстарата личност е Јапонката Кане Танака, која на 2 јануари наполни 118 години. Сите 20 најстари луѓе во списокот на ГРГ се жени.

Минатата година, Андреа рече дека нема идеја како живеела толку долго. „Немам идеја во што е тајната. Само господ може да одговори на тоа прашање“, изјави таа за француското радио. „Имав многу несреќа во животот и за време на војната 1914-1918 кога бев дете, страдав како и сите други“. (Гардијан)