Најпопуларниот водопад во Словенија – посебно убав на пролет
Уживањеро во оваа смарагдна оаза е посебно убаво во пролет, кога природата се буди и реката надоаѓа од стопениот снег.
Најпознатиот словенечки водопад Савица се наоѓа на северозападот од Словенија, во царството на моќниот Триглав, во блзина на Бохинското Езеро.
Водопадот Савица е толку упав, што и срцето на славниот поет Франце Прешерн останало потполно заробено во зелената вода на истоимената река.
Водопадот е висок 78 метри и се напојува од таканареченото Црно Езеро, едно од седумте езера кои се наоѓаат во долината на Триглав.
Најголема атракција на оваа природна појава е кристално чистата смарагдна вода која се слива низ карпите, правејќи една скриена оаза со исклучителна убавина.
ДО водопадот релативно брзо и лесно се стигнува, организирани се бројни туристички тури, а може и во сопствена режија, од Блед или Љубљана.
За време на летото постојат и голем број туристички автобуси од Бохинска Бистрица кои водат во истражување на оваа природна атракција.