Најмногу дожд во Ѓуриште и Крива Паланка, во текот на денот на места врнежите краткотрајно ќе бидат поројни
Најмногу наврнат воден талог во изминативе 24 часа до 8 часот утрово има во Ѓуриште каде наврнаа 20 литри на метар квадратен, потоа Крива Паланка – 18 литри, Крушево и Претор – 16, Скопје-Петровец – 14, Лазарополе – 10, Охрид – 9, во Гевгелија, Берово, П.Шапка 2 литри на метар квадратен.
Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) утрово највисока температура регистрирала на Попова Шапка каде се измерени -1 Целзиусов степен, во Лазарополе 0, Крива Паланка и Крушево 2 степени, Дебар 3, Прилеп 4, Скопје, Куманово, Охрид, Битола и Берово 5, Штип, Виница, Тетово и Претор 6, а 10 степени измерени се во Гевгелија и Дојран.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег. На места врнежите краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните и југоисточните делови од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 14 степени.