Најмладата милијардерка ги „почести“ вработените со бонус и авионски билети
Основачката на компанијата „Спенкс“ (Spanx), Сара Блејкли ги изненадила вработените на прославата која го одбележала новото компаниско достигнување – пазарна вредност од 1,2 милијарди долари.
Блејкли, која е и главен извршен директор на компанијата, ги изненади вработените со награда од 10.000 долари и авионски билети од прва класа.
„Стојам овде и размислувам за сè што создадовме со тоа што сме автентични и правејќи одлични производи за жените кои ќе им помогнат да ја искористат нивната женственост во многу машкиот деловен простор. Ова е одличен момент за жените претприемачи“, рече Блејкли на прославата.
Инвестицискиот гигант Blekstone купи мнозински удел во Спенкс, по што вредноста на компанијата беше проценета на 1,2 милијарди долари.
Блејкли го основаше Спенkс во 2000 година со само 5.000 долари заштеда, а нејзината цел беше да ја направи компанијата вредна 20 милиони долари еден ден. „Луѓето се смееја“, се сеќава таа.
На прославата таа го заврте глобусот, а потоа откри дека секој вработен добил по два авионски билети од прва класа и дека може да избере дестинација.
„Ако одите на патување, можеби ќе сакате да се почестите со скапа вечера или убав хотел. Мислам дека 10.000 долари ќе ги покријат тие трошоци “, рече таа.