Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција


Берн/Париз – Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција, соопштија локалните власти.

Невремето предизвика поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и паднати дрвја.

Во Франција, три лица загинаа кога паднало дрво врз нивниот автомобил од силината на ветерот во департманот Од, во североисточна Франција. Едно лице е повредено.

Во Швајцарија обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во југоисточниот дел на земјата. Четворица се жртви на катастрофата.

Започна евакуацијата на туристите од кампот во Моњо и од фудбалскиот турнир во Печа.

Неколку котлини во близина на долината Маџа не се пристапни и нема струја. Дел од кантонот Тичино е без вода за пиење.

Евакуации има и во областа Рона во кантонот Вале.

Лошото време зафати и делови од северна Италија и Германија.