Најмалку 63 лица загинаа во пожар во висококатница во Јоханесбург


 
Најмалку 63 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе. Повредени се уште 40 лица.
 
Пожарот избувна рано утринава по локално време, соопштија локалните служби за вонредни состојби.

Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека 43 лица се повредени во пожарот кој избувнал рано утрово. Според него, бројот на жртвите може да се зголеми.

„Во тек е операција за пребарување, а пожарникарите се движат внатре во зградата. Тимот досега извлече 52 тела#, рече тој, додавајќи дека најмалку едно дете е меѓу загинатите и дека може да има повеќе луѓе заробени внатре.

Властите соопштија дека пожарот е делумно изгаснат. 

Пожарот ја уништи зградата, се трага по преживеани
Властите во Јоханесбург велат дека сѐ уште не е јасно што го предизвикало пожарот во големата четирикатница во центарот на градот. Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави за Би-би-си дека пожарникарите успеале да извлечат некои луѓе од зградата.

Тој рече дека пожарот ја уништил зградата и дека потрагата по други жртви продолжува.

На видеото објавено од Мулауџи на Х (поранешен Твитер) се гледаат противпожарни возила и амбулантно возило надвор од зграда каде што изгореле прозорците.

Според некои медиуми, во зградата живееле најмалку 200 луѓе.