Најмалку седум загинати во тешка сообраќајка во Турција


Најмалку седум лица загинаа, а 11 се повредени во денешниот судир на камион и патнички автобус во провинцијата Агра на истокот на Турција.

„Седум наши граѓани ги загубија животите кога автобусот налета на камион и се запали“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ројтерс“.

Силен црн чад извира од местото на несреќата, а локалните медиуми јавуваат дека многубројни патници добиле тешки изгореници.

„Голем број спасувачи се испратени на местото на несреќата, а спасувачките напори продолжуваат“, се вели во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи.