Најк и Тифани: Ќе се лансираат патики во омилената боја на гламурот
САД– Луксузен бренд за накит Tiffany & Co. последните месеци е актуелен со виралните соработки со популарни брендови. Бевме сведоци на чантата Fendi Baguette во Tiffany сина нијанса, брендот се здружи со Supreme, а последната најавена соработка е со спортскиот гигант Nike. Оваа соработка доаѓа по речиси две децении од последната – во 2005 година го лансираа Nike SB Dunk Low во Tiffany нијанса, а од новата соработка очекуваат уште поголема возбуда.
Деталите за соработката засега не се познати. Се вели дека моделот што ќе биде претставен е Nike Air Force 1 Low, додека соработката го носи името 1837 година, што ја одбележува годината кога е основана Тифани, како и нивната подлинија на нараквици, ѓердани и прстени. Очекуваната цена на патиките е околу 400 долари.
По шпекулациите за соработка минатата недела, Најк потврди дека се здружиле со Тифани со објава на Инстаграм која не ги открива патиките, туку само кутијата во сина нијанса со потпис. „Легендарен пар“, стои во описот на фотографијата, а патиките очекуваме да се најдат во продажба оваа пролет.