(Видео) Најголемиот електричен автобус на светот е долг 27 метри
Двоен зглобен електричен автобус на кинескиот производител BYD пристигнува во Колумбија како дел од брзиот транзитен систем.
BYD го претстави најдолгиот електричен автобус на светот, K12A. Долг е 27 метри, а црвениот двозглобен автобус изгледа како џиновска гасеница.
Може да превезе 250 луѓе одеднаш, а достигнува максимална брзина од 64 км/ч, пишува PC Press.
Автобусот замина за Колумбија, каде ќе биде дел од брзиот транзитен систем TransMilenio. Инаку, BYD во јануари ласираше и најголем електричен двокатен автобус на светот.
Оваа кинеска компанија во послендите девет години произведе повеќе од 50.000 автобуси. Доколку не сте во прилика да свратите во колумбија и да ја видите најновата креација, може да го погледнете K12A во акција на твитот подолу.
Ell bus más grande de la historia de los eléctricos, el BYD K12A hecho para @transmilenio y otros sistemas BRT del mundo, evitará 193 tons de CO2 equivalentes a sembrar 8.900 árboles pronto transmitiremos desde nuestra casa matriz @Shenzhen China @BYD #bus #Colombia pic.twitter.com/pU3oRc93MB
— BYD Eléctricos Col (@BYD_Electricos) April 1, 2019