Најдени нови лажни дипломи во Хрватска? Учителка работела 30 години, професор 26
Од Министерството за образование на Хрватска потврдија дека најдени се нови лажни дипломи кај вработени во образовани, кои учеле деца без соодветно образование.
„Проверката на веродостојноста на исправите веќе сега е силна антикорупциска мерка чија главна цел е да се врати довербата во системот на воспитување и образование. Важно е дека се освестивме за потребата од системска проверка и дека се воспостави процедура при новите вработувања за да не дојде повеќе до такви случаи. Ако сакаме општество во кое ќе имаме нула стапка на корупција, секој во својот домен мора да преземе дел од одговорноста“, порача министерката за наука и образование проф. д-р сци. Блаженка Дивјак.
Најдени се уште три лажни дипломи, јавуваат хрватските медиуми и тоа, лажна диплома на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана, каде учителка во одделенска настава работела 30 години, лажна диплома од Факултетот за машинство и бродоградба на Универзитетот во Загреб, каде наставник предавал 26 години, по што даде оставка.
Исто така, ноќен чувар во еден ученички дом работел 10 години со лажно свидетелство за завршено средно образование.