Најчевска реагира: Не си правна држава ако одново и одново легализираш дивоградби
Професорката по право, Мирјана Најчевска, го искоментира на социјалните мрежи предлог законот за легализација на дивоградбите со порака дека вака ако продолжиме, нема да ни треба Бугарија за да не влеземе во ЕУ.
„Ова е закон со кој се промовира неправото. Нема правна држава во држава во која одново и одново се врши легализација на бесправно изградени објекти. Не ни треба Бугарија за да не влеземе во ЕУ. Ние самите со секоја своја постапка градиме ѕид кон ЕУ. И ако дозволите повторно да ве замајуваат со шарени лажги, дека е ова нешто сосема поинакво, во корист на граѓаните, и дека оваа дупка не е дупка тогаш сте поглупи отколку што можев да замислам“, напиша Најчевска.