Наградата „Роберто Беличанец“ доделена на Изданијата на Метаморфозис
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) синоќа ја додели наградaта „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ 2019 на Изданијата на Фондацијата Метаморфозис.
Уредникот на Вистиномер, Владимир Петрески се заблагодари на наградата и истакна дека во изминатиот период работеле самопрекорно заедно на теми важни за македонското општество и на проекти, како што е Проверка на фактите во медиумите во Македонија, а најнов проект на Метаморфозис е Проверка на фактите во регионот.
![]()
Горан Ризаов, раководител на медиумски проекти во Фондацијата Метаморфозис потенцира дека оваа награда за нив е големо признание.
![]()
– Ова е признание за мокотрпната работа во последната година и ова е доказ дека мали редакции кога работат заеднички сплотено оти имаат сили, имаат моќ да постигнат големи нешта. Се разбира почитувајќи ги професионалните новинарски стандарди кодексот на новинари на Македонија, но и применувајќи иновативни алатки на презентација на содржините како што се визуелизации на податоци, графички приказ на содржините специјализиран на медиуми и кратки видеа, изјави Ризаов.
Пред доделувањето на наградата имаше панел дискусија на тема „Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро?“…
![]()
Наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ почна да се доделува од 2018 година, а го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми, Роберто Беличанец.
ССНМ ја доделува во партнерство со Македонски институт за медиуми – МИМ, Институтот за комуникациски студии и Media Diversity Institute од Лондон во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, поддржан од ЕУ.