Нагло порасна бројот на болнички пациенти со Ковид-19 во Португалија


 

Бројот на ковид-пациенти во болниците во Португалија драматично порасна и сега повеќе од 700 лица заразени со корона вирусот се на болничка нега, најмногу од март.

Од понеделникот во болница се 729 пациенти со Ковид-19, објавија здравствените власти.

Бројот нови зарази во Португалија е во пораст со недели. Во изминатите 24 часа забележани се 1.782 нови случаи и осум починати во земјата од 10,3 милиони жители, јавија властите.

Стапката на инциденција на 100.000 жители во 14 дена изнесуваше 55 уште пред еден месец, а сега порасна од 272 на 315 во еден ден, покажуваат официјалните податоци.

Позаразниот делта сој на корона вирусот брзо се шири и виновен е за 90 отсто од случаите.

Португалија воведе полициски час пред десетина дена во борбата против заразата.

Во најтешко погодените подрачја, меѓу кои и главниот град Лисабон, жителите смеат да ги напуштат живеалиштата само од оправдани причини меѓу 23 и 5 часот наутро. Таа мерка погаѓа околу четири милиони луѓе.