Надојдената река го однесе дрвениот мост во Дреновскиот манастир во Бугарија
Дрвениот мост на Дреновскиот манастир во Бугарија е однесен од поројните дождови што го зафатија овој регион, пренесе Бгнес.
Општината ќе побара помош од Меѓуседската комисија за катастрофи и несреќи за враќање на објектот на една од најпосетуваните туристички атракции во Дреново.
Од општината објаснуваат дека поројните дождови придонеле нивото на реката да се подигне за еден метар во текот на вчерашниот ден, поради што биле повлечени екипите кои работеле на расчистување гранки и наноси.
Мостот неколкупати е реновиран од општината иако е црковен имот, но според градоначалникот на Дреново, Мирослав Семов, тие помагаат заради туристичкото значење на местото.