Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија


Рим – Културните места во Италија привлекле повеќе од 60 милиони посетители во 2024 година, со што првпат во историјата е надминато вкупното население на земјата.

Античкиот Колосеум во Рим е најпосетувана знаменитост, со 14,7 милиони купувачи на билети. По него следи галеријата „Уфици“ во Фиренца со 5,3 милиони и археолошкото наоѓалиште Помпеја со 4,3 милиони туристи. Посетителите од Италија и странство на тој начин придонеле со 382 милиони евра приходи за државата. Само Колосеумот има удел од над 100 милиони евра во сѐ тоа.

Италија има околу 59 милиони жители. На својата територија има над 400 државни музеи.

Бројот на посетители лани бил поголем за два милиони во споредба со претходната година, а приходите се зголемени за 68 милиони евра, делумно поради повисоките цени на влезниците.

Во бројките не се вклучени музеите на Ватикан – како и Сикстинската капела, каде што неодамна беше избран папата Лав Четиринаесетти, коишто ѝ припаѓаат на независниот град Ватикан. Со повеќе од шест милиони посетители годишно, музеите во Ватикан би се рангирале на второто место кога би се вброиле меѓу атракциите на Италија.