Над 300 луѓе во Франција биле избодени со игла додека биле на концерт или во ноќен клуб
Сѐ започна пред неколку месеци, а надлежните не знаат кој и зошто го прави тоа и дали на жртвите им била вбризгана дрога или други супстанци. Слична ситуација се случува во Белгија, Холандија и Велика Британија
Над 300 луѓе низ Франција пријавиле дека биле избодени со игла додека излегувале во ноќен клуб или на концерт. Сѐ започна пред неколку месеци, а надлежните не знаат кој и зошто го прави тоа и дали на жртвите им била вбризгана дрога или други супстанци. Слична ситуација се случува во Белгија, Холандија и Велика Британија.
На почетокот на мај, 18-годишниот Томас Локс беше на концерт во северна Франција. Кога се вратил дома, почувствувал вртоглавица и главоболка, а забележал чуден убод на раката и модринка, пренесува NPR. Ден потоа, тој сè уште имал симптоми, а лекарот му препорачал да оди во итната медицинска помош. Потврдено е дека бил избоден со игла и бил тестиран за ХИВ и хепатитис. Неговите резултати беа негативни.
„Престанав да одам на концерти откако се случи тоа“, рече Лакс.
Леан Деснос (18) е уште една жртва. Во април таа отиде во клуб во Бордо. Таа се онесвестила следниот ден. Кога стигнала дома, забележала убод на раката. Таа отиде на тестирање и ги чека резултатите.
Ниту една жртва не пријавила сексуален напад
Луѓето од Париз, Тулуз, Нант, Нанси, Рен и други градови низ Франција пријавиле дека биле избодени со игла без нивно знаење или дозвола. Целите, главно жени, покажуваат видливи знаци на убоди, модринки и симптоми како што се замор, пренесе Индекс.хр.
Француската национална полициска агенција соопшти дека 302 лица поднеле официјални пријави за такви убоди од игла. Во тек се неколку полициски истраги во различни региони, но сѐ уште нема уапсени и осомничени. Мотивот е нејасен.
Ниту една жртва не пријавила сексуален напад. Две лица биле позитивни на GHB. Додека посетителите на клубот изразуваат страв на социјалните мрежи и медиумското покривање ја зголемуваат вознемиреноста, француското Министерство за внатрешни работи започна национална кампања за подигање на свеста за настаните.