Над 2.250 деца до деветгодишна возраст се заразиле со Ковид-19
Вирусот бил детектиран и кај 412 бремени жени во С. Македонија, од кои 58 биле хоспитализирани
2.254 деца до деветгодишна возраст и 4.938 млади лица на возраст од 10 до 19 години заболеле од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Вирусот бил детектиран и кај 412 бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Досега се регистрирани 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници, заклучно со 4 јануари годинава. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 биле асимптоматски случаи.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука