На Табановце за влез се чека до еден час, а на Богородица за излез околу 30-40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На ГП Богородица за излез се чека околу 30-40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 40-60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.