На Менхетен ќе никне облакодер поставен наопаку (фото, видео)


Во Америка беше претставен проект, кој сè уште е во рана фаза на развој, но веќе се најде во центарот на вниманието на јавноста и покрај малкуте достапни информации.

Имено, беше објавено дека облакодерот планиран за Њујорк, на западната страна на Менхетен, ќе биде една од највисоките згради на западната хемисфера.

Предвидувањата се дека ќе биде на само блок од мега проектот на Хадсон Јардс и Хај Лајн. Објектот наречен „Affirmation Tower“ ќе има впечатлив конзолен дизајн и ќе се издига до висина од 506 метри.

Рендерите покажуваат дека ќе изгледа како стандардна кула превртена наопаку. Проектот го изработи компанијата „Adjaye Associates“ на ганско-британскиот архитект Сер Дејвид Аџаје.

Облакодерот ќе се состои од низа блокови наредени еден врз друг, создавајќи скалест профил кој изгледа како да се шири додека се крева. Висината ќе биде во однос пет спрема еден во однос на основата, каде секое наредно ниво е повисоко од претходното. Блоковите ќе бидат наредени така што најмалите ќе бидат на дното и како што одат кон врвот ќе стануваат поголеми.

Во облакодерот ќе бидат сместени деловни простории, два хотели, седиштето на НААЦП, платформа за набљудување и лизгалиште.

Фасадата би била покриена со вертикални камени ленти кои во основата и горниот дел би изгледале како супер високи и едноставни превртени сводови. Проектот вклучува и многу отворени тераси со зеленило. Кулата Афирмација би се наоѓала на простор од 1,2 хектари на 11-та авенија помеѓу 35-та и 36-тата улица спроти.
Во март, државата Њујорк објави дека бара да додаде нова зграда на моментално празното место – едно од ретките преостанати на западната страна во Мидтаун Менхетен. Новата кула дизајнирана од Adjaye Associates ќе биде втора највисока во Менхетен по One World Trade Center. Доколку биде одобрен, тоа ќе биде и првиот голем проект во округот дизајниран и изграден од тим предводен од мнозинство црнци и од жени.

Покрај Аџаје, тимот кој стои зад предлогот ги вклучува и Peebles Corporation, McKissack Group, Exact Capital и Steven Witkoff. Доколку се изгради „Affirmation Tower“, тоа ќе биде вториот облакодер на Аџаје на Менхетен, по станбената кула „130 Вилијам“.

Видео на следниов ЛИНК