Успешна спасувачка акција на Пелистер – Спасен е планинарот што беше повреден кај Камењарот (Видео)


Успешно заврши спасувачката акција на Пелистер за спасување на планинар кој беше повреден на патеката по камењар на локација над Видиковецот. Повредниот е искусен планинар  од Велес. 

 

Веста ни ја потврди директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски 
 
-По добиениот повик на официјални лица од ДЗС се организиравме и за  неполни два часа  бевме на локацијата кај повредениот планинар на 200 метри надморка висина. Акцијата заврши успешно, по укажаната прва помош повредениот беше имобилизиран и на раце, со мобилна носилка  беше транспортиран на локација до Горна Ливада. Таму беа направени потребни подготовка за да слета хеликоптер. Припадници на ЕСЗ Тигар со хеликоптерот го преносоа до Битола за да му се пружи лекарска помош до Клиничка болница Битола, изјави Иванчо Тошевски директор  на НП Пелистер кој учествуваше лично во акцијата бидејќи и самиот е дел од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Тошевски вели дека нема лесна спасувачка акција. 

– Акцијата подразбираше движење по стрмен терен и лоцирање на повредениот, спуштање до локација на повредниот, извлекување, спуштање по Камењар на раце на носилка до Горна Ливада, изјави Тошевски.  

Директорот на НП Пелиситер, Иванчо Тошевски изрази голема благодарност до битолските планинари кои случајно се најдоа до местото на незгодата и покажаа интерес да помогнат .

-Браво за хуманиот гест на битолските планинари! , се заблагодари  Тошевски. 

 Текст: Анета Блажевска 

Фото: Иванчо Тошевски