На еден пациент во Солун направена му е трансплантација на кожа на рацете


Илустрација

На пациентите кои настрадаа во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, а се лекуваат од изгорениците во Македонија, ќе им биде направена трансплантација на кожа. 

– Сега доаѓа фазата за функционална и естетска, условно да кажам, тоа се трансплантацијата на кожни графтови. На еден пациент во Солун веќе му е направена кожна трансплантација на рацете – откри директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Додаде дека се во контакт  со фондација од Холандија, која има банка на кожни графтови „за да донесеме кожни графотви во Македонија за да почнеме со реконструктивната фаза“.

Македонија годишно има стотина случи со изгореници. Во последните четири години, сме имале 28 случаи, од кои 6 со висок степен на изгореници (2 и 3 степен), комплицирани случќаи со изгореници со кожен графт сме имале вкупно 11 случаи и полесни со кожен графт трансплантации сме имале исто така 11 случаи.

Во 2024 година имало вкупно пет тешки случаи, со висок степен на изгореници два случаи и со кожен графт пресадување, со компликации три случаи.
Во државата имаме генерално три болници со одредено искуство со изгореници, а тоа се Пластична хирургија, „Св. наум Охридски“ и Детска хирургија.

На Пластична хирургија имало два случаи со тешки изгореници во 2022, во 2023 имало седум случаи со 20-60 протценти изгореници, а во 2024 двата случаи биле со 20 односно со 60 отсто изгореници.

Во „Св. Наум Охридски“ има четири кревети во затворениот дел за изгореници.

Историски, во ФЗОМ, во 10 години од 2017 година, имаме испратено пет случи на лекување во странство. Тоа се случаи доволно тешки, за да не можат нашите болници да се справат и тоа еден во Гент, Белгија, еден во Истанбул во „Аџибадем3 и три случаи во „Пирогов“ во Софија.
Во „Пирогов“ имаме два случи кои се лекувани три години, а тоа го кажувам дза да сфатиме колкав е предизвикот со кој се соочуваме. Два пациенти се третирани едниот од 2022 до 2024 и другиот од 2023 до 2025 година, додаде Клековски.

– Во моментов во Македонија имаме 64 пациенти во јавно-зѐдравствените установи, во „Систина“ осум, во „Жан Митрев“ пет, значи вкупно 77, а 101 се трансферирани во 12 земји – рече д-р Синиша Станковски, кој додаде дека сега се трансферираат пациенти кои не се критични, туку им треба долготраен третман, во болници кои се референтни за такви повреди.

Во ГОБ „8 Септември функционирал центар за изгореници, односно одделение кое било комбинација од пластична хирургија и центар за изгореници, којшто имал капацитет од дваесетина кревети, кадешто половина од леглата биле планирани токму за овој тип пациенти, затоа што по тогашните формациските стандарди на тогашната армија, секоја од воените болници требало да го има овој центар. Такашто искуства во оваа насока постоеле, коишто сега се делумно трансферирани и на кадарот којшто сѐ уште од тоа време е присутен во ГОБ „8 Септември“ на подмладокот.