На 21 октомври, Саркози почнува да ја отслужува петгодишната казна затвор во затворот Ла Санте

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да отслужува петгодишна затворска казна во затворот Ла Санте на 21 октомври, објави денес францускиот РТЛ.
Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека не може ниту да ја потврди ниту да ја негира информацијата на РТЛ. Адвокатите на Саркози не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Казната е драматичен пораз за конзервативецот кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, а судиите рекоа дека нивната пресуда ја зела предвид „екстремната сериозност“ на случајот.
Саркози беше осуден за заговор за извршување кривично дело во случај поврзан со примање милиони евра нелегални средства од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи.
Тој беше осуден за склучување договор со Гадафи во 2005 година, кога беше француски министер за внатрешни работи, за добивање средства за кампањата во замена за поддршка на тогаш изолираната либиска влада на меѓународната сцена.