Вакцина вчера примиле 14.928 граѓани, досега вакцинирани 552.263 лица
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, како што се посочува, 66 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 63 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.