Мусака со палента: Совршен евтин ручек за целото семејство


Мусаката традиционално се прави со компири и мелено месо, но овој рецепт со палента ќе ве воодушеви.

Мусаката е јадење познато низ целиот свет и речиси секоја земја има свој рецепт. Кај нас се подготвува со мелено месо и компир, додека грчките домаќинки додаваат модар патлиџан и бешамел. Доколку сакате да јадете мусака, ви предлагаме да го пробате и овој фантастичен рецепт за мусака со палента. Ова едноставно јадење ќе им се допадне на сите, а состојките се евтини.

Состојки:

400 гр мелено месо
200 гр печурки
150 мл сос од домати
1/2 кромид
За палентата:
750 ml вода
200-250 гр палента
1/2 лажичка сол

Подготовка:

Во тавче пропржете го ситно исечканиот кромид, па додајте го меленото месо, а кога е речиси готово додадете ги ситно сечканите печурки. Зачинете сè добро, па прелијте со сос од домати. Се динста уште половина час, па се трга од шпорет. Сварете ја палентата со вода додека да се згусне, а потоа подмачкајте малку масло во огноотпорен или земјен сад, а потоа ставете го првиот слој од палентата. Врз него посипете го месото, па прелијте го вториот слој палента. Печете ја мусаката во загреана рерна на 180°C околу половина час. Во сад изматете ги јајцата со крем за готвење или јогурт, па прелијте ја со мусаката и оставете ја да се пече уште 10 минути.