Мртов студент пронајден во соба по два месеци


На Универзитетот Кантебури во Нов Зеланд, пронајден е мртов студент. Студентите чувствувале чуден и непријатен мирис кој се шири во ходникот на кампусот, а управата на Универзитетот го откри мртвото тело. Со истрагата заклучија дека се работи за маж кој е мртов веќе два месеци, пренесува The Guardian.

Како пренесуваат медиумите, неговиот татко неколку пати се обидувал да го контактира преку неговите пријатели и постојано го барал на мобилниот телефон.
Причините за смртта не се утврдени и неговото име не е објавено во медиумите.
Од Универзитетот објавија дека се трудат да помогнат на полицијата и форензичарите во истрагата.