Москва се затвора на една недела по рекордните бројки на починати
Московските власти објавија еднонеделно затворање на повеќето несуштински услуги од 28 октомври, бидејќи Русија го регистрираше својот најголем дневен број смртни случаи и инфекции од коронавирус од почетокот на пандемијата.
„Ситуацијата во Москва продолжува да се развива во најлошото сценарио… Во наредните денови ќе достигнеме историски врв во битката со корона вирусот“, рече градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во четвртокот во изјава објаснувајќи ја својата одлука за воведување на мерката.
Според новите мерки, сите несуштински продавници, училишта и спортски сали ќе бидат затворени. Рестораните и кафулињата ќе можат да работат со готови производи, додека театрите и музеите ќе бараат доказ за вакцинација или прележан Ковид-19.
Еден ден претходно, рускиот претседател, Владимир Путин, објави еднонеделен платен одмор на национално ниво, почнувајќи од 30 октомври за да го спречи ширењето на инфекциите.
Русија забележа 1.036 жртви во последните 24 часа и 36.339 нови случаи.
Русија постојано ги соборуваше новите историски високи бројки на смртни случаи од Ковид-19 во последните три недели во услови на тврдоглаво ниски стапки на вакцинација, една третина од населението. Во моментов го пријавува вториот најголем број дневни жртви во светот по Соединетите држави.
Високиот руски научник предупреди во четвртокот претходно дека генетичарите откриле нова и повеќе заразна под-варијанта на видот Делта на корона вирусот, AY.4.2, во изолирани случаи низ целата земја.