Москва се подготвува за снежна апокалипса

Москва во средата почна да се подготвува за рекордни врнежи од снег кои се очекуваат во викендот што доаѓа. Стручњаците предупредуваат и на силни ветришта.
„Тоа е вистинска снежна бура, Армагедон, снежна апокалипса“, рече метеорологот на приватната станица Фобос, Евгениј Тишовец, пренесе руската агенција РИА Новости.
Додаде дека густ снег ќе почне да паѓа во петок попладне и нема да престане во следните 36 часа.
Тој предвидува дека ветровите може да бидат со брзина од 15 до 20 мети во секунда, а температурата ќе падне до -15 степени Целзиусови.
Порпаролката на руската метеоролошка служба Марина Макарова рече дека тоа ќе биде продолжение на студениот бран кој ја погоси западна Европа.