Мосад и помогнал на Германија да разбие терористичката ќелија во Берлин поврзана со Хамас

Израелската разузнавачка агенција Мосад ѝ помогнала на Германија да разбие терористичката ќелија во Берлин, поврзана со палестинската милитантна група Хамас, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер.
Во соопштението се наведува дека тројца членови на терористичката ќелија биле уапсени во средата од германската разузнавачка служба (BFV) благодарение на разузнавачките податоци од Мосад, пренесе „Џерусалим Пост“.
Кај нив во моментот на апсењето било пронајдено оружје за кое се верува дека било наменето за терористички напади врз израелски и еврејски цели.