„Модерна“ почна тестирање за подобрување на верзија од вакцината против корона вирус


 

Фармацевтската компанија „Модерна“ објави денеска дека ги вакцинирала првите пациенти во рана од студијата за подобрување на верзијата на вакцината за Ковид-19.

Од комапнијата наведоа дека нивната нова вакцина, mRNA-1283, може да се чува во фрижидери, место во замрзнувачи, со што че се олесни дистрибуцијата, посебно во земјите во развој, јави Ројтерс.

„Студијата во рана фаза ќе ја процени сигурноста и имуногеноста на mRNA-1.283 во три дози, а на здрави возрасни луѓе ќе им се дава во поединечна доза или во две дози во 28 дена“, наведуваат од таму.

Минатата недела, „Модерна“ почна тестирање на канидато со подобрување на верзијата на својата вакцина.

Европската агенција за лекови ЕМА ја одобри вакцината за корона вирус на „Модерна“ на 6 јануари 2021 година, а пред тоа вакцината на овој производител ја одобрија и САД и Канада на 4 јануари 2021 година.