МКС е загрижен поради извештаите за насилство во Авганистан
Обвинителот Карим Кан во денешното соопштение нагласи дека ги одразува ставовите изразени во Советот за безбедност во врска со инцидентите, за кои рече дека може да претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право.
Според него, тоа вклучува наводи за „вонсудски егзекуции, како што се убиства од одмазда на затвореници и поединци кои се предале, прогон на жени и девојки, злосторства против деца и други злосторства кои го погодуваат цивилното население“.
Хашкиот трибунал веќе отвори истрага за злосторства во Авганистан, кои датираат од мај 2003 година.
Кан истакна дека ги повикал сите страни во земјата целосно да ги почитуваат своите обврски согласно меѓународното хуманитарно право, вклучително и да обезбедат заштита на цивилите.