Skip to content

11/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Митровденска задушница – спомен за починатите

02/11/2019 09:13

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Изменет сообраќаен режим до гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 до 16:00 часот ќе биде воведен променет сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров за што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот за гробиштата Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улицата „Боца Иванова“ и излегување од улицата „Боца Иванова“ кон улицата „Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улиците „Јужноморавски бригади“ и „Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

ReplyForward


Поврзани содржини

Сиљановска – Давкова: Чинот на вапцање не е само обичај, туку и момент на семејна блискост
11/04/2026 16:04
Македонија со второ најголемо поскапување на јајцата во Европа пред Велигден
11/04/2026 12:04
„Безбеден град“ доаѓа и во Струмица
11/04/2026 12:04
СДСМ: Владата ги остави граѓаните без мерки и пред Велигден
11/04/2026 11:04

Охрид преполн за Велигден
11/04/2026 11:04
Земјотрес во Пехчево и Берово
11/04/2026 09:04
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
11/04/2026 08:04
Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
11/04/2026 08:04

Најчитани


  • Новиот граничен премин меѓу Бугарија и Македонија доби „зелено светло“ во Софија
    09/04/2026 11:23
  • Богатите луѓе бегаат од Дубаи, европски град станува нов хит
    08/04/2026 09:32
  • Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
    05/04/2026 18:10
  • Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“
    07/04/2026 12:29
  • Кога ќе се отвори Ормускиот теснец, проблемите ќе почнат: „Последиците ќе траат со месеци“
    08/04/2026 09:11
  • Турција продава 52 тони злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези
    08/04/2026 17:43

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење