Министерот за здравство на Словачка најави оставка


 

Словачкиот министер за здравство Марек Крајчи изјави дека ќе поднесе оставка.

Ако поднесе оставка, тоа ќе биде во момент кога владата се обидува да пронајде излез од коалицискиот спор и додека се бори против една од најтешките стапки на зараза и смртност од Ковид-19 во светот.

Словачката владејачка коалиција западна во криза минатата недела, кога премиерот Игор Матович ги заобиколи коалициските партнери и нарача руска вакцина против корона вирус „спутник В“, пренесе Ројтерс.

Матович ги повика партиите Солидарност и слобода и За народните водачи, да предтанат со политикантство и да не ја користат набавката на руските вакцини како изговор за распад на владата.