Министерот за економија Бесар Дурмиши ја предаде употребната дозвола за новиот објект на фабриката КИЕЛ


Во ТИРЗ Тетово Министерот за економија Бесар Дурмиши на претставниците од фабриката за производство на седишта за возови и автобуси КИЕЛ им ја предаде употребната дозвола за новиот објект кој е изграден во кругот на тетовската индустриска зона.

Со употребната дозвола компанијата почнува со работа во новиот производствен погон во Тетово, кој се простира на површина од 7.000 м2, а со кој предвидено е да се отворат 300 нови работни места.

Дурмиши, при посетата на компанијата, меѓу другото, рече дека министерството за економија во наредниот период интензивно ќе работи на подобрување на деловната клима во земјата.

-Веќе започнавме со измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите каде сакаме да обезбедиме по транспарентен модел на делување на државната финансиска поддршка за сите компании кои инвестираат, вработуваат и се развиваат. Една од мерките кои ги направи премиерот Мицкоски е намалувањето на данокот на профит од 10% на 5% за сите компании кои остваруваат добивка над 50 милиони евра, изјави Дурмиши, кој заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами и претставници од ТИЗР Тетово и КИЕЛ ги посетија новите погони на фабриката.